Категории

Исповед на 65-годишна излекувана пациентка од Covid-19 – „Желбата за живот ме мотивираше да ги издржам сите препреки“

Себахат Демирали (65), излекувана пациентка од коронавирус, која 16 дена била хоспитализирана во инфективното одделение во Општата болница во Охрид, сподели како ја победи болеста.

„ц кои морам да признаам не беа лесни. Се чувствувам подобро, но сѐ уште при најмал напор, имам замор и губење на здивот и покрај тоа што пред пет недели ја напуштив болницата. Со тек на време се надевам дека ќе ги пребродам здравствените проблеми кои ги имам.

Терапијата ја добивав на време, бев пациент со потешка клиничка слика и бев изложена на 24 часовна кислородна поддршка поради тоа што имав и други тешки здравствени проблеми. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за севкупната грижа. Тие ни беа на располагање 24 часа во денот.

Директорот секој ден доаѓаше во посета кај сите пациенти и ми даваше поддршка која допринесе да ја пребродам оваа тешка болест. За среќа, закрепнувањето на синот од ковид-19 беше полесно и побрзо. Сега двајцата сме добро и сме најголема поддршка еден на друг.“, вели Себахат Демирали (65), излекувана пациентка од коронавирус, која 16 дена била хоспитализирана во инфективното одделение во Општата болница во Охрид.