Категории

Сурови модни факти кои едноставно морате да ги прифатите

За вкусовите не се дискутира, но постојат одредени нешта кога е во прашање модата кои едноставно морате да ги прифатите и да се помирите со истите, за да спречите да изгледате смешно и невкусно.

-Некоја облека и модни трендови едноставно НЕ изгледаат добро на вас.

-Само поради тоа што МИСЛИТЕ дека нешто ви стои одлично, не значи дека тоа е вистина.

-Живееме во плиток свет во кој луѓето се проценуваат врз темел на изгледот. Поради тоа впечатокот кој го оставате е доста важен.

-Квалитетот ставајте го пред квантитетот. Тоа не значи дека треба да носите само скапа облека, туку и во овој случај зборот квалитет се однесува на тоа како новото парче облека се вклопува во вашата гардероба, дали ќе можете да го искористите и како се чувствувате и изгледате во истото.

Прегледи:
380
Објавено на:
23.08.2020