Категории

Заповеди на успешните луѓе – Нешта кои тие ги постигнуваат додека другите спијат

Исходот на твојот живот е управуван од твоите принципи.

Стивен Ковеј ги објаснува принципите на следниот начин: „Тие се природно право, како грацитацијата. Различни се од вредностите, вредностите се субјективни додека принципите се објективни. Гравитација, ако нешто испуштиш, гравитацијата го контролира.“

Што значи тоа. Ако постојано правиш одредени нешта ќе имаш еден ист резултат, без оглед на тоа дали си исплашен, возбуден, добра личност, лоша личност, дали заслужуваш нешто или не.
Твоите мисли и однесување не го креираат исходот во твојот живот – тоа го прави начинот на кој тие мисли и однесување комуницираат со надворешниот свет.

Постојат одредени принципи на високо успешните луѓе кои се доста чести. Утринската рутина е еден од главните. Ова се најважните нешта кои успешните луѓе ги прават додека сите други спијат.

1.Квалитетен сон
Доста успешните луѓе исто така одмараат, но веројатно не како и повеќето од нас. Голем дел од нив се навикнати да функционираат и со малку сон, но се обидуваат да го искористат максимумот од тие часови предодредени за спиење.
Голем дел од најуспешните луѓе на светот стануваат доста рано наутро, но исто така заминуваат на спиење рано навечер. Тие се трудат да бидат будни додека сите останати спијат затоа што тогаш можат да постигнат најмногу и најефективно.

2.Ги идентификуваат приоритетите во денот
Успешните луѓе препознаваат кога не е вистинско време за нешто, па нивната енергија е насочена кон нешта за кои знаат дека се исплатливи. Секое утро тие идентификуваат кон што ќе ја насочат својата продуктивност, не се обидуваат да завршуваат повеќе задачи одеднаш како многумина со цел да избегнат нивното внимание да биде одвлечено и на тој начин да не завршат нити една од нив.

3.Практикуваат физичка активност
Без оглед на тоа дали се работи за јога, едночасовно кардио, пешачење..Нивниот ден секогаш започнува со физичка активност. Тоа им помага да останат здрави и активни а тоа ја стимулира работата на нивниот ум.

4.Едноставна рутина
Успешните луѓе како Барак Обама и Марк Зукенберг се „колнат“ во својата утринска рутина која е клучот до поттикнување на продуктивноста. Тие го започнуваат денот на едноставен начин, избирајќи едноставна облека, појадувајќи едноставен оброк, без да го насочуваат своето време и енергија на такви тривијални нешта со цел да избегнат стрес и енергијата да ја сочуваат за работното место.

5.Ги отстрануваат нештата кои им го одвлекуваат вниманието
Нема да видите ниеден успешен човек кој има неуредна работна маса и поштенско сандаче пренатрупано со неотворени пораки. Успешните луѓе се организирани, затоа се и успешни, затоа што секогаш имаат точно определ план, не оставаат ништо да им го одвлекува вниманието и да ги прави збунети. Тие функционираат најдобро кога се имаат под контрола.

6.Успешните луѓе не оставаат другите да чекаат на нив
Успешнит е луѓе се обидуваат да бидат од помош на што повеќе луѓе одеднаш. Тие се ефективни во решавањето на проблемите и се трудат да не одолговлекуваат и да оставаат другите да чекаат на нив. Тие ја превземаат одговорноста и на другите кога е тоа потребно со цел да не дојде до успорување на работата, тие го планираат своето време ефикасно и не дозволуваат да им излегуваат непланирани нешта кои кои ги оставиле за „подоцна“ затоа што ги решаваат навремено.

7.Донесуваат одлуки имајќи ја големата слика во предвид
Успешните луѓе донесуваат одлуки врз оглед на нивната крајна цел, а не на привремена добивка и некој краткотраен успех. Секогаш размислуваат долгорочно и планираат однапред. Пред да донесат некоја важна одлука, ја земаат во предвид целосната слика.

8.Успешните луѓе се благодарни
Успешните луѓе се водат според мотото „Јас имам“ а не „Јас посакувам“. Благодарноста е она кое ги води напред и ги прави да бидат успешни, затоа што не се водени од желбата да поседуваат нешто кое ќе ги исполнува, тие се задоволни со она кое го поседуваат но се стремат да остварат повеќе, но не дозволуваат тоа да им ги замагли очите и да им одврати погледот од сето она кое веќе успеале да го остварат.

Прегледи:
738
Објавено на:
07.09.2020