Поучна приказна со длабока порака.
„Една црна врана влегла во ресторан и веднаш ја забележала белата врана која седела во аголот.
Враната пристапила до шанкот, го извадила новчаникот и гордеиво викнала:
„Келнер. Ги честам ручек сите во ресторанот, освен онаа бела врана.“
Келнерот ги зел парите и ги послужил сите со ручек, освен белата врана. Меѓутоа, наместо да и биде непријатно, белата врана само ја погледнала црната, и насмевнувајќи се дофрлила:
„Фала!“
Тоа уште повеќе ја разбеснило црната врана, таа повторно го извадила новчаникот и извикала:
„Келнер! Овој пат ги частам сите со вино, освен белата врана!“
Келнерот повторно ги зел парите и послужил вино на сите, освен на белата врана. Наместо да се налути, белата врана само рекла:
„Фала!“
Разбеснета, црната врана се навалила преку шанкот и го прашала келнерот:
„Што и е на онаа бела врана? Го честам со храна и пијалак целиот ресторан а таа само вели: Фала, дали е луда?“
Келнерот се насмевнал и рекол: „Не, само е сопственик на овој ресторан.““
Наравоучение: Стојте понастрана од бесот, затоа што тој може да ви нанесе болка само вам.