Си поминувате супер со пријателите. Сакате да го запомните овој среќен момент, и ги местите сите за да се фотографирате. Сликата изгледа убаво на телефонот, па си го враќате телефонот во џеб. Неколку дена подоцна сакате да ја отворите сликата од компјутер и да си ја објавите на некој социјален медиум.
Тогаш, големиот екран открива проблем. Едниот пријател – да, тој, истиот кој ги упропастува сите групни фотографии – ја упропастил и оваа. Се смеете и сепак ја постирате сликата таква каква што е, бидејќи пријателот можеби е закачко, но сепак го сакате.
Тоа се случува и во светот на крзнените пријателчиња. Оваа група од кучиња: Кико, Саша, Момо и Хина, често позира за нивната сопственичка Јоко, но Хина секогаш наоѓа начин да ја саботира фотографијата. Оваа мала бунтовница ги упропастува групните фотографии на најсладок можен начин.
Фотографирањето животни, во глобала, не е лесна работа. Всушност, трикот е во тоа да им дадеме на кучињата да се навикнат на фотоапаратот. Кликањето и блицот ги плашат на почеток. Прво треба да им дадеме да го помирисаат фотоапаратот, па потоа да почнеме пополека да го кликаме, за да сфатат дека не им е непријател.
Погледнете како преслатката Хина ги упропастува групните фотки на нејзините пријателчиња. Фотките ќе бидат проследени со наши коментари :)
Она кога на сред сликање ќе си го видиш симпатијата и ќе се подстопиш
Кога сакаш да го протегнеш јазикот, но повторно те наместиле за сликање, па се обидуваш тоа да го направиш суптилно
Кога сите се смеат нормално на шегата, ама тебе ти е пресмешна и „зајдуваш“
Кога сакаш да глумиш побитна од другите.
Кога едноставно не ти е денот
Кога не можеш да ѝ одолееш на тортата
ШТО ИМА ОНАМУ ГОРЕ???!?!?!?!?
Кога си единствениот што се смее во озбилна ситуација
„Дечки, вие одајте, мене ми се лежи“
„ми се СПИЕ“
Она кога ќе видиш пеперутка
„Се сликаме, може да застанеш како нас?“
„Хммммммммммм….. НЕ“