Категории

Ти заслужуваш некој кој ќе направи да се заљубиш во љубовта како и првиот пат

Ти заслужуваш некој кој ќе ти ја врати вербата во добрината, некој поради кој нема никогаш да изгубиш надеж во животот. 

Ти заслужуваш некој кој ќе погледне во тебе и ќе те прифати онаков каков што си. Некој кој нема да дозволи да мислиш дека не си доволно добар, затоа што ќе знаеш дека си.

Некој на кого нема да мораш да му се објаснуваш себеси, некој кој ќе те сфати со само еден поглед. Заслужуваш некој кој ќе се вљуби во твоите остри страни, но и оние кои се нежни.
Некој покрај кого ќе бидеш и цврст и ранлив во исто време, и ќе му биде драго што му веруваш доволно да ги покажеш сите светла од себеси.

Заслужуваш некој кој ќе те гледа со восхитување поради начинот на кој се третираш себеси и како се претставуваш пред светот, некој кој ќе мисли дека во секој поглед си прекрасна и убава личност.
Некој кој ќе се заљуби во твојата мрачна страна исто толку длабоко колку што ќе ја љуби и твојата светла.
Ти заслужуваш некој кој ќе биде покрај тебе кога светот околу тебе ќе се руши и ќе те подигне од земјата и ќе ти помогне да го изградиш повторно својот свет.

Ти заслужуваш некој кој ќе ти ја врати вербата во добрината, некој поради кој нема никогаш да изгубиш надеж во животот.
Ти заслужуваш некој кој ќе те натера да се заљубиш во љубовта и повторно да и веруваш како првиот пат.

Прегледи:
593
Објавено на:
25.09.2020