Категории

Овој поштар се спријателува со сите кучиња во чии домови носи пошта

Сигурно ја знаете онаа изрека дека сите кучиња мразат поштари. Но Кристијано да Силва Антунес од Сао Паоло ги руши тие стереотипи. Тој е вистински пријател на животните, а не пропушта да сними и фотографија со своите нови пријатели кои ги стекнува при доставувањето пошта.

Отсекогаш сакал да го разбие стереотипот дека кучињата мразат поштари и тоа успешно го прафи објавувајќи фотографии со нив. Тој е пријателски расположен спрема секое животно. Пријател е и со машките, зајаците и останатите видови животни.

Кристијано не е тука само за да се фотографира со животните, тој има и мисија. Често спасува животни на кои итно им е потребен ветеринар. Тој дури и сонува да отвори свое здружение за згрижување на бездомни животни со цел да може да им помогне на своите мали пријатели и повеќе од тоа што го прави моментално.

Процесот на спријателување со куче, особено ако си поштар, знае да биде тежок процес. Кристијано прво ги поздравува и им ја пружи раката да ја помирисаат со цел подобро да го запознаат. Со текот на времето им се приближува се поблиску, се додека не биде доволно блиску за да си поиграат заедно.

Со својата сопруга имаат неколку кучиња и три мачки. Овој симпатичен поштар, љубител на животните секој ден го своите фотографии шармира 87 илјади фанови.