Категории

За сите оние кои секогаш љубат премногу

„Извини. Извини ако некогаш бев премногу, ако еден ден се пронајдеш себеси загушен од мојата љубов.
Извини што ти кажувам „те сакам“ толку често што повеќе не звучи како да е изречено од срце туку како обичен звук и мрморење од моите усни.

Извини ако премногу често ја држам твојата дланка премногу долго се додека моите дланки не ме ме заболат. Извини што сакам да сум покрај тебе постојано, што те следам секаде како изгубено куче.
Извини што се чувствувам изгубено оние ноќи кога не си покрај мене.

Не можам да си помогнам на себеси, длабоко во себе имам развиено една теорија дека ако премногу се трудам, еден ден некој друг исто толку ќе се труди и за мене.
Можеби, само можеби, ако сакам толку силно, ако се предадам себеси целосно, еден ден некој ќе вложи исто толку и ќе ме сака исто онолку колку што јас го сакам него.

Затоа што јас сум личност која дава се од себе, се вложува целата во љубовта. Затоа што целиот живот го поминав живеејќи со половични љубови, такви кои никогаш не беа доволни.“

Прегледи:
670
Објавено на:
21.10.2020