И колку да ви се омилен дел од облеката, фармерките никако не се парче кое може да го носите во овие прилики. Во некои ситуации тоа е едноставно недозволиво и пред се некултурно.
Венчавка
Фармерките никако не се парче кое можете да го облечете на ваков настан. Према бонтонот ова правило може да се прекрши единствено ако младенците се тие кои сакаат максимално лежерен дрес за својата венчавка и би одобриле носење на фармерки.
Погреб и сочувство
Иако е тоа општо познато, не е лошо да се повтори дека фармерките никако не се примерна облека за вакви сериозни ситуации кога мораме да покажеме почит спрема покојникот на неговото семејство. Еден од начините на покажување почит е облекување во согласност со традицијата која налага облекување во темни бои.
Запознавање на семејството на партнерот
Првото запознавање со родителите или другите членови од семејството на партнерот секогаш создава стрес, затоа што секој сака да се претстави во што подобро светло. Иако сите модни стручњаци знаат дека фармерките со добар стајлинг можат да изгледаат и подобро од фустан, поголема е веројатноста дека ќе оставите подобар впечаток во некое поелегантно парче.
Разговор за работа
Во текот на разговорот со потенцијалниот работодавач, логично треба да изгледате професионално, па дури и кога е во прашање лежерно работно опкружување.
Сите ситуации и места кои налагаат формален дрес код
Свечени вечери, уметнички галерии, коктел забави.. Спрема правилата на бонтонот, овие места и прилики бараат бирање на поелегантни модни парчиња.