Категории

„Не сакам половична љубов – Сакам да ти бидам сѐ, светлина во твојот мрак“

Не сакам 50-50 врска. Животот не функционира на тој начин.
Сакам да бидам твојата сила кога не можеш да издржиш, сакам да дојдеш кај мене кога го носиш сиот свет на твоите рамена и кога твоите плеќи не можат да ја издржат тежината.

Сакам да бидам твојата надеж. Сакам да сум оној кој не заминува кога нештата ќе станат неиздржливи. Сакам да бидам личноста која ќе ти докаже дека луѓето сеуште можат да ја победат оваа војна на љубовта.

Сакам да бидам личноста која ќе ти покаже дека постојат луѓе кои остануваат и кога станува најмрачно, дека постојат луѓе кои сеуште се борат. Сакам да бидам твојата светлина.

Сакам да бидам твоето најдобро кога ти не си твоето најдобро. Нема да те судам за твојата тага, и нема да ги потенцирам твоите маани. Кога животот ќе стане тежок, знај дека секогаш ќе бидам тука за да ја држам твојата дланка, секогаш ќе бидам тука за заедно да се бориме против светот. Не сакам да мислиш дека ќе мораш да поминуваш сам низ сето тоа.

Јас сум со тебе затоа што сакам да бидам дел од твојот живот – твојот цел живот. Низ добро и лошо. Јас сум со тебе затоа што моето срце се чувствува комплетно кога чука заедно со твоето, и ќе продолжам да те избирам тебе низ сите потешкотии. Знам дека животот задава ниски удари понекогаш, можеби нема да знам како да ја поправам секоја пукнатина но знам како да те сакам – и ќе те сакам силно и когаш нештата ќе станат премногу.

Не сакам половична врска. Животот не функционира така. Се е реално, не е совршено. Ќе има мигови кога ќе мораме да се подигнеме еден со друг, и кога заедно ќе растеме во исто време.
Не сакам половична љубов, затоа што таа е или се или ништо.