Сите сакаме храна, но не сме сите многу вешти во нејзината подготовка. Тоа го докажавме и со неодамнешната објава за експерименти во кујната кои очајно пропаднале. За да не ви пропаѓаат цело време експериментите, следете ги овие интересни трикови и совети кои ќе ви помогнат во кујната.
- Наместо сол, користете соја сос за подобар вкус. Плус, не само што ќе добиете подобар вкус, туку и ќе добиете помалку концентриран содиум – што е поздраво
- Може да ги користите и стеблата од брокулите. Излупете ги, иссецкајте ги и испржете ги во тавче.
- Минимум 2 чешниња лук во секоја храна.
- Не пржете со екстра девствено маслиново масло, само со обично.
- Следете ги чекорите кои објаснуваат кога конкретно да додадете сол. Многу менува дали солта е додадена на почеток или при крај.
- Ништо не почувајте во ладна рерна или тава. СЕКОГАШ загревајте ги однапред.
- Не купувајте однапред маринирано месо. Обично се старо месо, „спасено“ со маринадата, за да се затскрие староста и можеби и миризбата.
- Неколку капки лут сос можат многу да го променат вкусот на намази, дипови и слично. Не премногу, за да биде лут намаз, туку буквално само колку да даде „шмек“.
- Кога правите сос за тестенини, ставете малку од водата во која сте ги вареле тестенините, во сосот. Сосот ќе се врзе подобро со тестенините.
- Наместете ги чери доматите помеѓу две пластични капачиња за да ги иссечете наеднаш. Така ќе иссечете барем 15-20 едновремено, наместо секое посебно.