Навикнати сме да создаваме мислење за земјите кои ги гледаме на филмовите, а кои можеби не ни сме ги посетиле. Меѓутоа, обично не обрнуваме внимание на фактот дека филмовите се фикција и не се доволни за градење на објективно мислење за странска земја. Дознајте кои се најчестите предрасуди и заблуди за некои земји.
Поради тоа, многу нешта за кои мислиме дека ги знеме за другите земји всушност се лажни и претерани. Затоа денес со вас разбиваме некои од популарните митови за другите земји.
КИНА Е НАЈГУСТО НАСЕЛЕНА ЗЕМЈА
Поголемиот број од луѓето на светот живеат во Кина, но таа не е најгусто населена земја. Такви се на пример, Италија и Германија. Нештото е во тоа што и покрај својата огромна популација, Кина поседува една од најголемите територии на светот. Но отприлика 2/3 од оваа територија ја сочинуваат планини и пустини.
СУМО Е НАЈПОПУЛАРЕН СПОРТ ВО ЈАПОНИЈА
Последните години овој традиционален спорт повторно стана популарен. Сепак, Сумото не е толку популарно како бејзбол кој го тренира речиси половина население во Кина и Јапонија.
ИНДИЈА Е ЗЕМЈА НА БУДИСТИ
Повеќе од 80% од религиозните луѓе во Индија практикуваат хиндуизам. Втора најзастапена религија е исламот. Помалку од 1% од луѓето се будисти а поголемиот дел од нив живеат во северните области, кои се во близина на Тибет.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Е ЗЕМЈА НА ДОЖДОТ
Велика Британија секако не е најсушноо место на планетата, но ситуацијата со дождот е прилично претерана. Иако во некои објасти климата е доста влажна, во Лондон количината на паѓање дожд на годишно ниво е всушност помала од Москва.
БОРБАТА НА БИКОВИ Е НАЈПОПУЛАРНА ЗАБАВА ВО ШПАНИЈА
Борбата со бикови и понатаму се одржува во многу градови во Шпанија, но нејзината популарност не е толку голема. Голем број луѓе кои посетуваат борби се туристи. Под притисок на активистите, парламентот на Каталонија забрани борби на бикови во тоа подрачје, вклучувајќи ја и Барселона.