Категории

Дел од телото кој никогаш не смеете да го бричите

Бричењето е дел од редовната рутина на нега на телото кај многу жени. Меѓутоа, постои едно место кое никако не смеете да го бричите.

Мазни нозе, негувани пазуви, интимно подрачје – за сето тоа жилетите кај многу девојки се често во акција со цел да создадат зони без влакна на телото. Но бидејќи отстранувањето на влакната се одвива брзо и едноставно со помош на брич, често го употребуваме и на места каде што не е препорачливо.
А тука спаѓа и еден особен дел – тоа се веѓите.

Зошто никако не смеете да ги избричите веѓите?
Отстранувањето на влакната со помош на брич не се препорачува во никој случај. Постои опасност дека можете да го унитштите природниот облик на веѓите со погрешно бричење.

Веѓите имаат одредена еволуциска функција, велат дерматолозите. Нивната главна функција е да ги штитат очите од пот, нечистотии и прашина. Ако избричите премногу влакненца или погрешно ги отстраните, тие ја губат својата функција. Поради тоа морате да внимавате никогаш да не користите брич или тример, и најдобро е да ги отстранувате со фина пинцета.

Прегледи:
738
Објавено на:
10.11.2020