Категории

Џорџ Клуни му подари по милион долари на секој од своите пријатели

За специјалното издание „Маж на годината“ на магазинот GQ, Џорџ Клуни откри како и зошто ги наградил своите најдобри пријатели кои во текот на годините несебично му помагале и без кои не бил таму каде што е денес.

Џорџ Клуни никогаш не го биел глас дека е скржав. Тој и сопругата Амал своето богатство радо го делат со другите и секогаш се подготвени да помогнат, било да се работи за хуманитарни акции или локален театар кој без нивната помош би пропаднал.

Најновото издание „Маж на годината“ на магазинот GQ открива интересна приказна за великодушноста на ѕвездата од филмовите „Ocean’s 11“ и “Up in the Air” во кое Клуни тврди дека во 2013 година му поклонил по милион долари на секој од своите 14 најдобри пријатели.

„Мислев, ако ме изгази автобус, сите и онака ќе бидат во тестаментот. Но зошто да чекам да ме изгази автобус?“ – откива Џорџ.

Оваа „пријателска случка“ пред неколку години ја откри неговиот пријател Ранди Гербер кој на медиумите им раскажа дека Клуни нему и уште 13 блиски пријатели ги повикал на вечера на која на секој му подарил кутија полна со милион долари готовина.

Тогаш не бил оженет и не размислувал за семејство па можел да си дозволи на таков начин да им се заблагодари на своите пријатели што биле со него во текот на годините.

„Се што имав беа тие луѓе кои во времтраење од 35 години ми помагаа на овој или на оној начин. Спиев на нивните каучи. Ми позајмуваа пари кога немав нити скршен денар. Ми помагаа и јас им помагав нив. Мислам, без нив не би го имал сето ова кое го имам сега“, го отвори срцето познатиот актер.

Прегледи:
694
Објавено на:
19.11.2020