Легендата вели дека царот Иван Грозен го ослепел архитектот за никогаш да не конструира градба како таа.
Со својата црвена фасада, раскошни орнаменти и блескави куполи, храмот на Свети Василиј Блажен е еден од најубавите симболи на Русија.
Изградбата на црквата ја наредил царот на Русија, Иван IV Василевич, познат како Иван Грозен во 1555 година во текот на победата над Татарите и освојувањата на денешен Казахстан. Храмот го сочинуваат десет објекти. Во централниот дел се наоѓа масивна црква која го носи називот Покров. Четири големи цркви се распоредени околу централниот дел како точки на копас а четири помали биле поставени дијагонално. Десеттата црква била додадена во 1588 година во чест на свети Василиј Блажен.
Се претпоставува дека црквата првобитно била обоена во бело и имала златни куполи, што за тоа време било вообичаено. Украсите се додадени тек во 200 година после изградбата, со развојот на руските архитектонски стилови.
Официјалниот назив на храмот Свети Василиј е Црква Покров на Пресвета Богородиџа на Ров кој произлегува од победата на царот Иван Грозен над Татарите која се случила за време на празникот Покров. Исто така се нарекува и Храм Покровски и Храм на светите Тројца.