Некои намирници можат да ги олеснат менструалните болки, оваа храна може да ви помогне во тоа.
Нормалниот менструален циклус трае помеѓу 21-35 денови а просекот е 28 дена. Крварењето не би требало да трае подолго од седум дена.
Симптомите кои се јавуваат за време на менструацијата вклучуваат: надуеност, задржување на течности, лоша концентрација, лошо расположение.
Додека таблетите се добри при елиминирање на болката, овие намирници се исто така добар начин за олеснување на болката.
1.Храна која содржи калциум
За него се смета дека ја намалува појавата на грчеви, спречува надуеност и задржување течности а се наоѓа во намирниците како млеко, јогурт и сирење. Можете да го пронајдете во рибите, соиното млеко збогатено со калциум.
2.Влакна
Влакната ќе ја подобрат работата на цревата и исто така спречуваат надуеност. Целта е во секој оброк да вклучите овошје и зеленчук и интегрални житарки а не смеете да заборавите нити на внесот на течности.
3.Магнезиум
За магнезиумот се смета дека ќе ги намали симптомите како главоболка и грчеви во мускулите а можете да го пронајдете во намирници како темна чоколада, авокадо, зелен лиснат зеленчук и бадеми.
4.Омега-3 масни киселини и витамин Б12
Ако се користат во комбинација, нудат и подобри резултати. Добро е да вклучите во исхраната морски плодови, јајца, ореви и чиа семки.
5.Витамин Е
За ублажување на симптомите на менструација, студиите покажуваат дека е добро да вклучите 500 IU витамин Е а можете да го пронајдете во намирниците како сушени коски сончоглед, бадеми и путер од кикири.