Категории

Како да реагирате на навреди?

Еден човек јавно навредил некој мудрец:

– Вие сте атеист! Пијаница! Крадец!

Тој само се насмевнал како одговор на тие навреди.

Момче облечено во одело ја гледало целата сцена и го прашало мудрецот:

– Како може да толерирате такво нешто? Не ве болат неговите зборови?

Мудрецот повторно се насмевнал и рекол:

– Ајде да одиме кај мене, сакам да ти дадам нешто.

Човекот го следел до прашливата античка просторија. Мудриот човек го запалил светлото и започнал да буричка во плакарот каде што нашол безвредно искинато палто. Му го дал на фраерот и му рекол:

– Пробајте, сигурно ќе ви одговара.

Дечкото го зел палтото, го погледнал и револтирано рекол:

– За што ми требаат овие валкани партали? Јас сум добро облечен, сигурно си луд!

– Гледате, рекол мудрецот, не сакате да ги прифатите овие валкани партали. Слично на тоа, не сакав да ги прифатам тие валкани зборови што ми ги упати човекот!

Прегледи:
541
Категории:
Мисла на денот
Објавено на:
10.12.2020