Категории

Кога проблемот изгледа нерешлив – Треба да се обидете да го согледате проблемот од друг агол

Мудра приказна со длабока поука.

Еден стар мудар учител постојано им повторувал на своите ученици колку е важно да се биде со отворен ум, да бидат подготвени истата задача да ја решат на многу начини и секоја ситуација во животот да ја согледуваат од повеќе агли. Повторувал дека тоа е она кое донесува вистинска мудрост.

Меѓутоа, самите зборови не биле доволни. Одлучил да им даде и практична задача.
Едно утро наместо предавања, на своите ученици им дал цедилка за вода и рекол:
„Вашата задача е да слезете до најблискиот брег и да ја наполните цедилката со вода од морето. Кога тоа ќе го направите, вратете се. Само така ќе ј сметам задачата за успешно решена.“

Меѓутоа, поминал речиси целиот ден а од учениците немало нити трага нити глас. Кога сонцето почнало да заоѓа, учителот слегол до брегот. Ги видел учениците како седат, уморни и разочарани. Кога го виделе, повикале:
„Учителу, ни дадовте невозможна задача. Невозможно е да се наполни цедилката со вода.“

Учителот ги запрашал: „Дали сте сигурни? Некогаш е добро да се обидете да го согледате проблемот од друг агол.“
Кога го рекол тоа, ја земал цедилката од ученикот и ја фрлил во морето. Цедилката потонала.

„Ете“, рекол учителот. „Сега е полна со вода.“

Прегледи:
754
Објавено на:
17.12.2020