Категории

За да се живее смирен и спокоен живот не е потребно многу

Потсетете се себеси дека не ви треба ништо за да имате мир, напротив имате и вишок нешта од кои треба да се ослободите.

Потсетете се себеси дека рамнотежата на животот не е нешто кон кое тежнееме успат, туку дека тоа треба да биде наш приоритет во животот. Да знаеш колкав размер од нашето минато и иднина смееме да дозволиме во нашите мисли, да ја распоредиме својата сегашност само на своите приоритети и со мир да гледаме на неизвесноста во иднината без да потонеме во морето од грижи.

За мир во животот не ви се потребни илјада цели во животот, доволна е само една ама вредна за да ви даде насока и смисла во животот. Мирот доаѓа кога за среќата почнуваме да размислуваме на еден поинаков начин, не како за опседнатост со некоја состојба која по секоја цена мораме да ја постигнеме, туку како спознавање на сопственото срце и сознание што можеме да направиме за да ја зголемиме среќата на другите.

За мир во животот треба да се ослободите од безначајните нешта, глумата во односите и прифаќањето на секој човек онаков каков што е, бе потреба да го прилагодувате кон некоја слика во вашата глава. За мир во животот морате да се ослободите од токсичните односи но и сопственото его кое исто така создава горчина и напнатост во односите.

Мирот нема да дојде сам од себе ќе дојде кога ќе ги напуштиме сите оние обрасци на размислување и однесување кои го спречуваат неговото доаѓање. Се што треба е да се препознаат тие нешта и да се отстранат а потоа да се ужива во мирот кој ништо не може да го замени.

Прегледи:
931
Објавено на:
19.12.2020