Категории

Црвени усни и заводливи трепки – Совршениот празничен makeup изглед

Поради глобалната пандемија која го зафати светот, оваа нова година сите празнични забави се откажани но тоа не мора да значи дека не можеме да се дотераме и да изгледаме убаво за прославата во домот со саканите и најблиските.

За вашата новогодишна вечер во пријатна домашна атмосфера ви споделуваме едноставен и брз makeup туторијал кој изгледа природно и нежно а сепак во себе има празничен дух – црвените усни.
Следете ги чекорите во видеото за да го постигнете овој безвременски гламурозен новогодишен изглед.

 

Прегледи:
762
Објавено на:
22.12.2020