Категории

Неодоливи аксесоари за коса со кои ќе изгледате како вистинска божица

Најубавата декорација за секоја фризура: Аксесоарите за коса се враќаат и колку повеќе невообичаени – толку подобро

Без разлика дали сакате модели со кристали и бисери или сте љубители на минималистички пристап, нема да погрешите.
Во последниве години, додатоците за коса станаа многу популарни, ако сакате да кажете за себе дека ги познавате и почитувате модните трендови. Без оглед на должината на косата, бојата или видот на фризура, шнолите па дури и дијадеми станаа задолжителни за секоја дама со стил.
Прво, впечатливите бисерни клипови го „скршија“ мразот. Потоа, тука беа меките, кадифени рајфови. Ова лето, фризурите не можеа да се замислат без неодоливи, романтични панделки, а на почетокот на декември станаа популарни и аксесоарите во вид на лисја, цветови, пеперуги кои наликуваат на оние кои ги носеле грчките божици.