Категории

Дозволено ви е да се ставате себеси на прво место секогаш

Дозволено е да се ставите себеси за приоритет. Дозволено е да се грижите за вашите потреби пред нечии други. Дозволено ви е понекогаш да бидете себични.

Дозволено ви е да ги бркате вашите соништа. Дозволено е да се посветите на она што ви е важно дали е тоа кариера, хоби или страст. Дозволено е да го менувате местото на живеење во потрага по она што го сакате. Дозволено е и да се изгубите.
Дозволено ви е да ги чувате вашите емоции. Но и да им кажувате на луѓето како навистина се чувствувате дури и ако тоа може да им наштети. Дозволено ви е да зборувате за тоа што навистина ве вознемирува. И, дозволено е да зборувате за работите што ви значат,  да им кажувате на луѓето што навистина значат за вас.

Дозволено е да бидете ранливи, да бидете автентични, дозволено ви е да бидете вистински. Дозволено ви е да изберете луѓе што ги сакате во вашиот живот и да оставите токсични пријателства. Да заминете од врска што гледате дека не оди никаде. Дозволено е да не му дадете шанса на некој што ве земал здраво за готово, некој што не е она што знаете дека го заслужувате. Дозволено ви е да ја напуштите врската затоа што не е она што го сакате, затоа што повеќе не сте заљубени. Дозволено ви е да се премислите.

И најважно од се е тоа дека ви е дозволено да бидете среќни.
Дозволено ви е да бидете тоа што сте и што сакате да бидете. Дозволено ви е да имате живот каков што отсекогаш сте посакувале, оној за кој размислувате цели денови, и за кој сонувате ноќе. Дозволено ви е да бидете сите работи што сте. Да бидете на местата што ве прават задоволни. Да ги правите сите работи што ве прават вас. И, дозволено е да се ставите себеси на прво место, никогаш не го заборавајте тоа.

Прегледи:
452
Објавено на:
23.02.2021