(ВИДЕО) Мачка од Чикаго скокна од петтиот кат на зградата каде избувна пожарот и така помина еден од нејзините девет животи.
Видеото со нејзиниот трик го снимале пожарникарите. Прво со шепите го почувствува работ на прозорецот, а потоа се спушти кон подножјето на зградата. Таа дури успеа да го пропушти ѕидот, што секако ќе и го отежне слетувањето. По падот, таа еднаш отскокна, како на цртан филм, и брзо избега од местото на акробацијата.
– Таа отиде под мојот автомобил, и помина неколку минути таму за да се опорави од падот. Тогаш таа започна да го мери ѕидот за да процени дали може да се искачи назад – рече човекот од јавната противпожарна служба на градот Чикаго, Лери Ленгфорд.
Засега не е позната причината за пожарот во зградата, за среќа никој не е повреден во него, вклучувајќи ја и мачката, додаде Лангфорд.
Погледнете го видеото: