Категории

Во ред е да ги оставите нештата кои повеќе не ве усреќуваат – Во ред е да почнете од почеток да ја барате вашата цел

Во ред е ако не знаете што да чувствувате, ако не знаете што сакате и ако не можете да ги сфатите работите што се случуваат во моментот. Во ред е да не сакате нешто за што сте работеле толку напорно – откако сте сфатиле дека тоа не е она што мислевте дека е. Во ред е да се премислите, да направите грешки, да се оддалечите од некого што некогаш сте го сакале – од нешто што некогаш за вас значело сиот свет.

Во ред е, бидејќи ова е вашиот живот, вашата кауза, вашето тело, вашите верувања, вашиот ум, вашето срце и вашите чувства. И не ви треба валидација од никој, освен од вас, и се надевам дека нема да ви треба цел живот за да го сфатите тоа.

Прегледи:
483
Објавено на:
17.08.2021