Категории

Ако сте заборавиле, дозволете ми да ве потсетам што заслужувате..

Ако сте заборавиле што заслужувате – дозволете ми да ве потсетам.
Вие заслужувате некој да ве замоли да танцувате со него во викенд на среде улица.
Вие заслужувате некого безусловно да ви го препушти срцето.
Вие заслужувате цвеќиња испратени во вашата канцеларија.
Вие заслужувате да бидете дел од целиот нивни свет, а не да бидете нивната најдобро чувана тајна.
Вие го заслужувате неделното утро кога ќе сакаат да останете.
Вие заслужувате никогаш да не се чувствувате лошо затоа што го кажувате она што го мислите и чувствувате.
Вие заслужувате некој што сака да биде таму, а не некој на кого му е досадно покрај вас.
Вие заслужувате да спиете покрај некој што прави да се чувствувате целосно, а не да лежите покрај странец
кој ќе прави да се чувствувате осамено.

Вие заслужувате некој што сака да оди до крајот на земјата за да биде со вас, а не некој кој те тера да одиш сам до крај. Бидејќи врските се 50/50.
Вие заслужувате некој да ви помогне да го носи товарот што ви ги фрла животот. Затоа што нема да сака најтешките нешта во животот да ги издржувате сами.
Вие заслужувате некој кој ќе ви ги брише солзите, а не да ви ги предизвикува.
Вие ги заслужувате сите овие работи. Само треба да бидете доволно храбри да ги побарате.
Ве молам, драги мои, животот е премногу краток а вие сте премногу млади, премногу убави, премногу вредни да се задоволите со нешто помалку од извонредно. И знам дека се прашувате дали вистински постои, ќе ви кажам нешто – ДА ПОСТОИ! И ве чека.
Слушајте – сродните души се вистински, а љубовта е нешто во што можете да верувате. Ветете дека ќе верувате во тоа. Ветете дека никогаш нема да се помирите со ништо помалку!

Прегледи:
508
Објавено на:
12.09.2021