Категории

Ценете се себеси доволно за да знаете да заминете кога не ви е пружено она што го заслужувате

Кога некој те повредил, не повредувајте се себеси, размислувајќи што ви направиле и додатно да се повредувате. Напротив, токму тогаш станете најдобри за себеси. Потоа покажете уште повеќе внимание, љубов, нежност, разбирање кон себе. Изненадете се со некој подарок, патување некаде каде што отсекогаш сте сакале да одите, слушајте ја музиката што ја сакате, направете го она што ве исполнува. Пијте ги пијалоците што ги сакате и осмелете се да го живеете животот во потполност.

Кога некој ќе ве повреди, не паѓајте на колена останете силни. Бидете доствоинствени и дајте си самодоверба да чекорете исправено на овој свет. Подигнете ја својата вредност прво во вашите очи, а потоа ќе ја покачите и во туѓите. И погледнете го овој свет со нов изглед, поглед на надеж. И заблагодарете им се на повредите бидејќи тие го подигнаа вашиот животен стандард и ве направија поинаква личност, ,подобра. Поставете граници за сите оние кои не влегуваат во вашиот живот со добра намера.

Прегледи:
475
Објавено на:
17.10.2021