Нешто ќе ви го направи денот посебен денес. Можеби само еден збор од стар пријател што не сте го виделе долго време. Сончевите зраци врз твоето лице. Поглед во далечината и присетување на некои изминати денови. Или можеби нечија искрена насмевка и нежен допир. Нешто мало што не би го забележале во други времиња. Што и да е, вашиот живот повеќе нема да е ист од тој момент, целосно ќе се промени. И знаете дека има смисла. И една убава трага ќе остане во неговото сеќавање.
И денес можете да го направите нечиј ден посебен. Кажете нешто убаво. Допрете нечија душа. Не треба да размислувате длабоко за тоа, само покажете дека може да сметате на вас и понудете ја вашата помош. Колку и да е мала, нека се види дека е од срце. Животот се менува за миг и кога најмалку очекувате, се случуваат најдобрите работи. И луѓето ќе се сеќаваат како се чувствувале покрај вас. И колку им значел вашиот мал гест. Нешто за вас толку безначајно за некого всушност може да значи многу.