Категории

Меша Селимовиќ: „Најголемата мудрост во животот е да се пронајде вистинската лудост“

„Најголемата мудрост во животот е да се пронајде вистинската лудост“.

„Што би му советувал на оној кому му посакуваш добро? Со своето мислење да не се истакнува меѓу луѓето со кои живее. Затоа што така е оневозможен пред да направи нешто.“

„Кога ми е тешко, бегам во самотија; кога ми е уште потешко, барам добри луѓе“.

„Не сакаш да пречиш, не сакаш кога некој криво те гледа, не сакаш некој да ти каже лош збор. Тогаш, како мислиш да живееш?“

„Не го нарушувај својот душевен мир така што ќе размислуваш за недостатоците на другите. Ако те повреди некој, премини преку тоа. И биди како ружата која дава мирис секому, а не само на добрите, или дрвото кое му дава сенка и ладовина и на оној кој сака да го исече.“

„Никој не може да му натовари толкава мака колку што човек може да си натовари сам на себе“.

„Смешното и страшното можат да бидат роднини.“

„Човечката надеж е посилна од искуството, но може да го поколеба туѓиот неуспех.“

„Сонот е она што го сакаме, а животот е будење.“

Прегледи:
530
Објавено на:
05.11.2021