Ако не ве ценат, не докажувајте се! Бидете тоа што сте! Тоа не е проблем во вас, тоа е во нив. Затоа, не ги намалувајте вашите критериуми и не правете тие што сакаат. Немојте да изигрувате нивен кловн. Верувајте дека во одреден момент ќе ве искористат и ќе ве одбијат. Тоа е во луѓето. Кога ќе им дадете еден прст – тие ја земаат целата рака. На крајот повеќе нема да ве ценат поради се, па се што сте направиле и поминале ќе биде залудно.
Вистинските луѓе порано или подоцна ќе ја откријат вашата вредност. И кога ќе дојдат во твојот живот, држете ги како капка вода на дланка. И игнорирајте ги оние кои не ве ценат. Свртете се и заминете. На секој од својот свет. Еден ден ќе видите колку може да биде убав животот со оние кои ве прифаќаат такви какви што сте. Оној кој ве сака вистински нема да побара од вас да се промените. Тука има нешто чудесно, што мириса на внатрешен мир. Ќе ги броите убавите моменти и ќе го живеете животот кој долго се памети.