Големите луѓе исто така имале тешки моменти. Прочитајте некои од нивните мудри мисли, кои ќе ви помогнат да издржите во тешките моменти.
„Ако сакате да промените или подобрите нешто во животот, мора да почнете така што ќе ги смените внатрешните аспекти на вашиот ум“ – Брајан Трејси
„И тоа ќе помине“ – Персиска изрека
„Стани подобра личност и биди сигурен дека знаеш кој си пред да запознаеш некој нов надевајќи се дека таа личност знае кој си“ – Габриел Гарсија Маркес
„Твоето време е ограничено, не го троши живејќи нечиј живот. Немој да дозволиш да те зароби догмата – да живееш како другите мислат. Немој да дозволиш буката од туѓи мислења да го замолчи твојот внатрешен глас. И најважно од сѐ, имај храброст да го пратиш своето срце и интуиција. Тие веќе некако знаат што сакаш да станеш. Сѐ друго доаѓа на второ место“ – Стив Џобс
„Кога бев мал гледав страшни работи на вестите, а мојата мајка секогаш ќе ми кажеше: „Побарај помош. Секогаш ќе најдеш луѓе кои сакаат да ти помогнат“. До денешен ден, посебно во ова хаотично време, секогаш се присетувам на зборовите на мајка ми и ме теши сознанието дека постојат луѓе кои секогаш ќе помогнат – има толку многу внимателни луѓе во светот“ – Фред Роџер
„Постојат две основни мотивациони сили: страв и љубов. Кога се плашиме се повлекуваме од животот. Кога сме вљубени отворени сме кон сѐ што има да ни понуди животот со страст, возбуда и привлечност. Мора да научиме прво да се сакаме себе, со сите свои несовршености. Еволуцијата и сите наши надежи за подобар свет се наоѓаат во визијата без страв и со отворено срце за луѓе кои се подготвени да го прифатат животот.“ Џон Ленон
„Не се грижи за малите работи… Сѐ на крај и онака ќе биде во ред“ – Боб Марли
„Сите дилеми кои сум ги имал во животот, сите проблеми и препреки, ме зајакнуваа. Можеби нема да сфатиш веднаш кога ќе се случи тоа, но шамар по устата некогаш може да биде најдоброто нешто што ти се случило“ – Волт Дизни
„Последните 29 денови од месецот се најтешки“ -Никола Тесла
„Лифтот кој води до успехот е расипан, но скалите се секогаш достапни“ – Зиг Зиглар
„Несреќата ни изгледа многу помала кога за неа молчиме, отколку кога говориме. Зборувајќи за несреќата, таа само станува сѐ подлабока и поцрна, кој за неа зборува сто пати, само со тоа ја зголемува уште за сто пати. Молчењето е најдобар лек против несреќата; тоа е и најдостоинствениот човеков отпор и одмазда на судбината“ -Јован Дучиќ