Илјадници луѓе со ХИВ сега имаат можност за уште една опција за лечење – инјекција со долгорајно дејство, благодарение на која нема да треба да пијат таблети секој ден.
Терапијата е одобрена од агенцијата за лекови на Велика Британија и Националниот институт за грижа за здравјето, а добротворните организации го поздравуваат овој чекор.
Инјекцијата го држи вирусот под контрола, а делува на сличен начин како конвенционалните антиретровирусни лекови.
Се проценува дека на оваа терапија може да преминат околу 13.000 луѓе во Англија. Лековите каботегравир и рилпивирин се даваат како две одвоени инјекции на секои два месеци, по почетниот период на постепено воведување.
Погодни се само за оние кои со земањето таблети веќе постигнале резултати вирусот во крвта да не може да биде детектиран.
Стручњаците велат дека инјекциите би можеле да бидат од корист за многумина.
Податоците и студиите укажуваат на позитивен ефект на инјекциите, а досегашните искуства покажуваат дека пациентите кои започнуваат терапија со инјекции, остануваат на нив и не се враќаат на таблетите.
Ова е веста која многу луѓе во светот ја очекуваа.