Категории

Софија Лорен: Дисциплината е клуч на убавината!

Ретко која холивудска актерка од денешницата може да се спореди со некогашните холивудски диви. Нивната убавина е вонвременска, па и денес се синоним за убавина. На листата меѓу најпознатите се наоѓа Софија Лорен.

Софија Лорен, италијанската актерка и пејачка, освоила многу награди, а многупати е прогласувана и за најсексапилна ѕвезда во филмската историја. Освен Оскарот „за кариера богата со незаборавни улоги“, освоила и пет Златни глобуси – четири за најдобра актерка и еден за животен допринес во филмот. Глумела во околу 100 филмови и серии, во својата речиси седумдесет годишна кариера.

Една од најубавите жена во светот која ги кршела срцата на мажите, денес во 88. година од животот изглеа заносно.

Еве во што е нејзината тајна:

1. Здрава исхрана и мали порции

Покрај убавината, Софија секогаш можела да се пофали и со совршена линија во облик на песочен часовник. Софија е висока 173 цм, а најмногу имала 60 килоограми. Линијата ја одржувала преку едноставна диета од 2 дена. Секои 2 до 3 месеци, одвојувала два, три денови кога јадела само овошје и зеленчук за да го исчисти организмот.

Во секојдневната исхрана најпрво јадела салата и прилог, а по неколку минути протеини, односно месо. Отсекогаш се хранела со здрава, медитеранска исхрана и никогаш не претерувала со големината на порциите.

2. За беспрекорен тен – маслиново масло

Софија отсекогаш имала беспрекорен тен, а актерката тврди дека за тоа е заслужно маслиновото масло. Освен што јадела секој ден по две лажици од ова масло во оброците, Софија го користела и за нега на кожата така што секој ден на исчистената кожа нанесувала по неколку капки и добро го масирала лицето. Маслиново масло додавала и во купката – за мека и нежна кожа.

3. Дисциплината е клуч на убавината

Софија никогаш не се сметала за класична убавица туку за интересна жена, а во својата книга „Жените и Убавината“ објаснила дека тајната на убавина лежи во дисциплината. „Ако е младата жена убава, но не е дисциплинирана, ќе ја изгуби убавината и изгледот со текот на стареењето. Од друга страна, ако жената е обична, но дисциплинирана, со текот на годините ќе изгледа поубаво“, тврди Софија.

4. Секојдневна прошетка за добра линија

Иако изгледа одлично и во деветтата деценија од животот, Софија никогаш не била луда за вежбање. Линијата ја одржувала со редовни прошетки. Секое утро пешачела по еден час што и овозможило да ја одржи формата и да ја „разбистри главата“.

Прегледи:
1109
Објавено на:
15.12.2021