Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 28 ДЕКЕМВРИ 2021 ГОДИНА

Бикот сѐ уште не може да ја најде својата сродна душа, Лавовите ги очекуваат деловни успеси, на Водолијата и е потребен одмор.

ОВЕН

Се препорачува денес да се позанимавате со важните обврски кои ги имате и да се посветите на работата за да остварите добри резултати. Денешниот ден не е премногу поволен за нова врска, ниту за љубов генерално. Одморајте се.

БИК

Доколку денес се впуштите во ризични проекти, ќе имате некои проблеми во иднина. Водете сметка за тоа. Не ви е лесно да најдете партнер со кој може да посакате нешто сериозно. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете задоволни со околностите на работното место. Уживате во незадолжителни врски и не сте подготвени за нешто повеќе од тоа. Можна е авантура. Одлично се чувствувате.

РАК

Можно е да ја прифатите можноста за напредување и да покажете дека верувате дека ја заслужувате. Ве очекува период за нови познанства и љубовни промени. Може да се надевате на љубовни пресврти. Водете сметка за забите.

ЛАВ

Ве очекува склопување на нов договор на работно поле. Ќе бидете задоволни со соработките кои започнуваат. Доколку планирате брак, пред вас е поволен период. Саканата личност ќе ги покаже емоциите. Иритација на кожата.

ДЕВИЦА

Ви се стабилизира финансиското поле и тоа ве прави среќни. Можно е да размислите за некои нови вложувања. Саканата личност ви покажува колку се грижи за вас. Ве очекува убав ден. Чувајте го уринарниот тракт.

ВАГА

Може да очекувате многу опуштен ден, во кој нема да имате проблеми на деловно поле. Разговорот со личност која ви се допаѓа ќе биде понежен и поромантичен отколку што очекувате. Одлично здравје.

ШКОРПИЈА

Многу ви е важно да се покажете во добро светло на новиот разговор за работа. Работите на остварување на добрата репутација. Потребно ви е ново познанство за да оживеете на љубовно поле. Можен е пад на имунитет.

СТРЕЛЕЦ

Денешниот ден ви носи доста позитивна енергија и може да очпекувате дека ќе бидете генерално задоволни од околностите. Може да очекувате многу интересен ден за нови познанства. Избегнувајте цигари.

ЈАРЕЦ

Ако се занимавате со приватен бизнис може да очекувате можност да ги зголемите своите приходи. Доколку сте во брак, партнерот ви е посветен и имате добар однос. Пред вас е добар период. Стомакот ви е прилично осетлив.

ВОДОЛИЈА

Можно е да бидете незаинтересирани за нови случувања на работно поле. Потребен ви е слободен ден за одмор. Саканата личност е подготвена да ви покаже искрените емоции. Можни се проблеми со вртоглавица.

РИБИ

Доаѓа подобрување на заработката кое ќе биде многу значајно. Може да очекувате добар ден. Не сте во дилема и знаете што сакате од емотивниот однос во кој се наоѓате. Имате јасно дефинирани цели. Болка во пределот на грбот и вратот.

Прегледи:
1136
Објавено на:
27.12.2021