Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Бикот е среќен, Вагата осамена, Девицата несреќна, Шкорпијата задоволна.

ОВЕН

Секогаш може подобро и вие тоа најдобро го знаете, па поработете на организацијата и плановите во наредниот период. Ништо не форсирајте, време е за мирен период и комуникација без големи обврски и очекувања. Здравјето е многу добро.

БИК

Можните недоразбирања со деловното опкружување најдобро ќе ги решите преку компромис. Бидете она што сте, но сепак обидете се да ја задржите контролата над ситуацијата, во спротивно многу нешта може да останат недоречени и недефинирани. Здравјето е во ред.

БЛИЗНАЦИ
Многу работа ги очекува типичните Близнаци во текот на последниот работен ден во седмицата, но со одлична организација и комуникација сѐ може да се постигне. Ве очекува ново познанство во текот на денешниот ден, па ако ништо друго тоа ќе биде одлична прилика за флерт и незадолжителна приказна. Здравјето е одлично.

РАК

Бидете трпеливи и доволно тактични, доколку не сакате дда се замерите со некои личности кои не размислуваат на ист начин како вас. Доколку сте задоволни со актуелната ситуација на љубовноо поле, тогаш уживајте, додека сите останати би требало да покажат поголема иницијатива и да преземат нешто. Здравјето е сосема во ред.

ЛАВ

Ако го исклучиме вашето нетрпение и неколкуте нервозни реакции поради тоа, сѐ останато на работно поле би требало да ви оди од рака овој петок. Многу поволен ден е пред вас доколку сте планирале да се посветите на зајакнување на темелот на вашата љубовна приказна. Уживајте! Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Не е лош ден за започнување на реализација на некои нови идеи, само потрудете се претходно да направите прецизен план на активности. И на љубовно поле ве очекува поволна ситуација и со леснотија ќе ги спроведете сите замисли на дело. Здравјето е сосема добро.

ВАГА

Нема големи препреки на деловен план овој петок. Слободното време може да го искористите за посветување на некои хоби. Употребете го својот шарм и заводнички способности за дополнително зближување со личноста која ве привлекува. Здравјето е многу добро.

ШКОРПИЈА

Водете сметка да не оставите некои обврски незавршени поврзани со папирологија и формалности, за да избегнете плаќање казни. Бидете за нијанса пореални во љубовта, не си задавајте главоболки и избегнете ги комплицираните ситуации. Можна е осетливост на зглобовите.

СТРЕЛЕЦ

Иако не оди се според планот, со мали корекции и решавање на проблемите ќе успеете сѐ дам завршите онака како што треба. Важно е да се опуштите и без големи промени да ги одржувате задоволителните партнерски односи. Можни се алергиски реакции.

ЈАРЕЦ

Држете свој правец, воздржете се од коментирање и обидете се евентуалните несогласувања со деловните соработници да ги решавате на компромисен начин. Уживате во вниманието и наклонетоста на вашата драга личност. Можете да и возвратите со некое убаво изненадување. Здравјето е добро.

ВОДОЛИЈА

Солиден завршеток на работната седмица е пред вас и големо чувство на замор. Опуштете се и не брзајте. Ве очекува многу убав ден на љубовно поле доколку сте планирале да уживате во некоја заедничка активност со саканата личност. Здравјето е одлично.

РИБИ

Помали грижи на деловно поле можат да ви зададат оние соработници кои од ден на ден ги менуваат своите ставови и немаат почит. Позанимавајте се со анализа на своите желби и очекувања, пред да се одлучите за наредниот потег. Можни се стомачни тегоби.

Прегледи:
1337
Објавено на:
13.01.2022