Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП ЗА 22 И 23 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Ракот е нерасположен и го крие тоа од партнерот, Девицата е заљубена, на Рибите им е потребен одмор.

ОВЕН

Ако сте вработени, овој викенд е како создаден за завршување на некои обврски кои не сте ги завршиле. Во првиот дел од денот ќе се чувствувате уморно и без енергија, но по добриот појадок работите ќе станат полесни. Не кријте од другите дека се чувствувате лошо, побарајте помош од доктор.

БИК

Секој од нас, па и вие треба да се запраша до каде стигнал во животот и дали нешто сака да промени. Денес е можеби денот кога сами на себе треба да си го поставите тоа прашање. Минатото никако не можете да го заборавите, а би дале сѐ да избришете некои спомени.

БЛИЗНАЦИ

Имате право да се налутите ако некој колега каже нешто што не ви се допаѓа, не мора секогаш да бидете културни и насмеани. Нема ништо лошо во тоа да мислите дека некоја личност од вашата околина изгледа убаво и интересно, не се воздржувајте од разговор со неа.

РАК

Некоја одлука од страна на надредените не ви се допаѓа, но кога подобро ќе размислите, таа одлука ќе ги раздвои оние кои се провлекуваат од оние кои навистина се трудат. Не го прикажувате своето вистинско расположение пред партнерот но се гледа дека не сте расположени. Или бидете искрени и кажете што ве мачи, или обидете се да најдете нешто позитивно во целата ситуација.

ЛАВ

Знаете сѐ за секого и сето тоа можете да го искористите против нив, но не сте злобна личност и не сакате да раскажувате туѓи тајни, секој има право на приватност. Во попладневните часови ќе имате можност да поминете квалитетно време со партнерот, уживајте и опуштете се.

ДЕВИЦА

Некој кој не знае дека постоите ви се допаѓа, а тоа никако не е добра ситуација. Или обидете се да се запознаете со таа личност, или откажете се од приказната. Емоциите ви се длабоко сокриени, но и понатаму сте онаа емотивна личност која поради љубов умее да направи некоја лудост.

ВАГА

Посакувате одмор, а сега кога ви се укажува можност за него, некако немате мотивација да одите сами, се плашите дека ќе ви биде здодевно. Вие сте во добра форма, но секогаш може и подобро, а тоа го знаете и самите.

ШКОРПИЈА

Уште еден напорен викенд е пред вас, секој ваш нов ден е нова борба, вие сте навикнати на тоа, но организмот не е навикнат, тој најмногу ги трпи последиците од вашиот стресен начин на живот, а прашање е до кога ќе може така да живеете. Порано бевте трпеливи, чекавте да се појави нова шанса, а сега трпението ве издава и се прашувате дали вреди да чекате нешто што можеби никогаш нема да дојде. Губите трпение и се претворате во огорчена личност.

СТРЕЛЕЦ

Потрудете се да ја изненадите саканата личност денес, или блиските членови на семејството, ќе направите добро дело и ќе се чувствувате пријатно. Почесто трудете се да ги усреќувате луѓето околу вас. Договорот значи дека пола работа е завршена, а доброто расположение е важен дел од секоја комуникација, а тоа ќе го сфатите викендов кога ќе имате состанок со соработниците.

ЈАРЕЦ

Емоциите не смеат да ви бидат на прво место кога станува збор за работата, некои одлуки не зависат само од вас, но вие мора да ги спроведете како што ви е наредено. Прошетка во попладневните часови одлично ќе ви одговара, особено со симпатијата или некој пријател.

ВОДОЛИЈА

Работата од соништата ви е толку близу, а сепак толку далеку. Ќе мора да почекате да добиете уште една шанса, бидејќи сѐ уште не е сѐ средено за вашето преместување. Не си признавате себеси дека вашата љубовна врска не функционира, се лажете и себе и другите дека сѐ е во ред.

РИБИ

Деловните обврски не можат да чекаат, но вам не ви е дојдено до работа и очајно ви треба краток одмор. Премногу губите време на некои работи кои не треба да ве интересираат, а ако ве мачи нешто, треба да споделите со најблиските, тие се тука да ви помогнат.

Прегледи:
797
Објавено на:
21.01.2022