Киселата зелка не е обична ферментирана намирница и веќе може да се рече дека е суперхрана. Го зајакнува имунолошкиот систем, помага при процесот на варење и штити од некои видови на рак. Притоа, таа е идеална намирница за диетален режим на исхрана. Со неа за една недела може да ослабете и до три килограми.
Киселата зелка е полна со витамини, минерали и корисни фитохемикалии создадени преку ферментацијата. Редовната консумација на киселата зелка помага во борбата против настинки, ја чисти проблематичната кожа и ја намалува токсичната на крвта – помага при неутрализирањето на несаканите ефекти кај лошиот имунолошки систем.
Неодамнешните студии се покажале дека консумирањето на ферментираната зелка го спречува развивањето на ракот на дојките, дебелото црево, белите дробови и црниот дроб.
ПОНЕДЕЛНИК
Појадок: 175 гр немасно сирење и кришка интегрален леб
Ручек: Вариво направено од 200 гр кисела зелка и 100 гр свинско месо, портокал
Вечера: Салата од 150 гр кисела зелка, четири поголеми ротквици, половина бела ротква и половина краставица. Салатата прелијте ја со со од децилитар јогурт со една лажичка мелени ореви.
ВТОРНИК
Појадок: Салата од една банана исечкана на кругчиња, 150 мл немасен јогурт и лажичка преку ноќ натопени овесни снегулки.
Ручек: Супа од 200 гр кисела зелка: во 100 мл чорба од зеленчук и 50 мл сок од јаболко додадете две слатки црвени пиперки пет минути пред да биде супата готова.
Вечера: Салата од 200 гр кисела зелка и 150 гр обарена риба по избор.
СРЕДА
Појадок: Салата од портокал и 150 гр немасно сирење и лажичка сончогледови семки
Ручек: 150 гр пржена риба и 150 гр кисела зелка.
Вечера: Палачинки од интегрално брашно и еден варен компир и салата направена од 100 гр кисела зелка исечкана на коцки и прелиена со лажичка маслиново масло.
ЧЕТВРТОК
Појадок: Кришка интегрален леб, 50 гр сирење гауда, јаболко.
Ручек: 200 гр печено пилешко на скара или мисиркино и 150 гр кисела зелка, неколку парчиња ананас
Вечера: Салата од краставица, 100 гр кисела зелка и 125 гр сланина
ПЕТОК
Појадок: две варени јајца и кришка интегрален леб
Ручек: 200 гр бело пилешко месо на жар и 150 гр кисела зелка, банана
Вечера: две парчиња проја и 150 гр кисела зелка