На Близнаците им е потребна помош и поддршка, Лавот има сериозни намери со партнерот, Рибите се задоволни и исполнети.
ОВЕН
Ќе успеете да го остварите она што го имавте во план и ќе бидете задоволни со деловната ситуација денес. Не е поволен ден кога станува збор за емоциите, можеби ќе се почувствувате запоставени. Пад на имунитетот.
БИК
Дајте сѐ од себе да бидете посветени на работата но некои работи денес едноставно не ви одат од рака. Можеби вашата недоверба и љубомора прават поголем проблем во односот со саканата личност. Проблеми со уринарниот тракт.
БЛИЗНАЦИ
Ако сакате да постигнете деловен успех важно е да бидете спремни да побарате нечија помош и поддршка . Можеби ќе се одлучите да излезете од врска во која не сте среќни. Наскоро ве очекува нова љубов. Можна е нервоза.
РАК
Имате многу добри аспекти на деловно поле и може да очекувате судбински успех кој ви доаѓа. Ја барате вистинската љубов. Не сакате да прифатите ништо помалку од она што ви е потребно за среќа. Водете сметка за болките кои ги чувствувате.
ЛАВ
Ја имате поддршката која ви е потребна на деловно поле и сега ви е потребно само трпение. Спремни сте да му покажете на својот партнер дека го сакате и дека сте подготвени да се посветите на заедничките цели. Потребна ви е физичка активност.
ДЕВИЦА
Избегнувајте поголеми вложувања на деловно поле и максимално потрудете се да бидете посветени на целите. Може да очекувате период во кој нема да ви биде лесно да донесете нови љубовни одлуки. Избегнувајте алкохол.
ВАГА
Може да очекувате помал конфликт на работа, но ќе успеете сѐ да решите во ваша корист. Се чувствувате осамено, па поради тоа ќе ја прифатите новата љубовна понуда иако можеби тој партнер не ви одговара. Чувајте ги бубрезите.
ШКОРПИЈА
Имате многу обврски на кои сте им посветени и важно ви е да ги остварите целите кои сте си ги зацртале. Ако сакате да остварите некои ново познанство на љубовно поле потребно е да бидете послободни. Посетете доктор.
СТРЕЛЕЦ
Можеби ќе имате компликации кои не можат да се решат така лесно. На раабота потребно ви е многу трпение. Сосема неочекувано доаѓате до средба со личност која во вас буди чувство на привлечност. Помали проблеми предизвикани од аритмија.
ЈАРЕЦ
Време е да покажете дека сте подготвени за деловни промени кои сепак се неизбежни. Саканата личност покажува дека максимално ќе с епотруди околу вашиот емотивен однос. Не се изложувајте на преголем напор.
ВОДОЛИЈА
Ве очекува поволен ден за работа. Не би требало да очекувате поголеми стресови и тензии сега. Не сте сигурни како да ги прифатите зборовите на партнерот. Можеби станувате посесивни и љубоморни со причина. Чувствителен кардиоваскуларен систем.
РИБИ
Задоволни сте со деловните околности. Во наредниот период ве очекува финансиско подобрување. Потребно ви е повеќе разбирање за да остварите добар однос со партнерот на љубовно поле. Стомачни проблеми.