Дали знаеш што е добар живот? Да се завртиш и да не мораш никому да се правдаш. Да бидеш комплетнотоа што си. Да плачеш кога ти се плаче. И повеќе да не се жалиш за работите што си ги надраснал. Ти само продолжуваш понатаму. И знаеш дека има и такви кои мислат дека си будала, но тоа не ти пречи. Животот е премногу краток за да се преправаш дека ти се допаѓа нешто што не ти се допаѓа, но и никогаш да не му кажеш на некој што ти се допаѓа дека ти се допаѓа.
Моќни сте кога ќе погледнете назад на она што поминало. Кога сте уморни од вревата на светот и повеќе не одите по хероите што некогаш сте ги следеле. Сега вашиот херој е само некој кој ви рекол: Јас сум тука ако треба. Само јави се! Знаеш дека животот е во тек, па не одложуваш ништо за утре. Го живееш само овој момент што го имаш и тоа ти е доволно. И сфаќаш без колку работи повторно можеш да живееш мирно. Го простуваш она што треба да го простиш и стануваш слободен и подготвени за нов ден.