Категории

СРЕЌЕН ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 3 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА

Близнаците ќе имаат шанса за нов работен предизвик, Девицата е посветена на работата, Шкорпиите градат цврст и стабилен однос со парнерот.

 

ОВЕН

Ве очекува поволен ден во кој ќе ги завршите сите важни обврски. Судбината е на ваша страна. Не се откажувате од личноста која ви се допаѓа иако во таа врска имавте многу грешки од почетокот до сега. Проверете крвна слика.

БИК

Ве очекува фаза која не е многу поволна за вашата работа. Подгответе се за некои проблеми. Ви изгледа дека саканата личност не ја замислува заедничката иднина на ист начин како вас. Потрудете се денес да не се форсирате.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сте без работа, можно е наскоро да добиете прилика да се вработите на ново работно место. Дојде време да одлучите дали сте заинтересирани за нешто посериозно со моменталниот партнер или не. Водете сметка за бубрезите.

РАК

Може да очекувате помали компликации на ова поле. Доколку се занимавате со трговија внимавајте да не влезете во минус. Партнерот покажува љубомора, а тоа вам не ви одговара. Можно е да сте под стрес, па поради тоа да го нарушите здравјето.

ЛАВ

Имате многу слободно време бидејќи денес немате премногу обврски на работа. Може да се надевате на добар ден. Поволен ден за нова врска. Ќе ви се случи запознавање со личност какво што не сте очекувале. Полни сте со енергија!

ДЕВИЦА

Ќе имате многу работни обврски во текот на денешниот ден. Генерално ве очекува фаза во која многу време ќе поминувате на работа. Моментално љубовниот живот не ви е приоритет, а партнерот ви го замерува тоа. Можен е пад на имунитет.

ВАГА

Ве очекува можност за нова работа која ќе ви донесе успех во иднина. На полето на љубовта ве очекува флерт со личност која само што сте ја запознале. Можни се болки во грлото.

ШКОРПИЈА

Доколку се занимавате со приватен бизнис, може да очекувате добри вести во текот на денот. Имате максимална доверба во партнерот. Градите еден цврст и стабилен однос кој никој нема да може да го поремети. Внимавајте на исхраната!

СТРЕЛЕЦ

Можеби сега нема да можете да реализирате сѐ што сте имале во план и да имате некои пречки на работното поле. Можни се недоразбирања во комуникацијата со партнерот. Бидете внимателни денес со здравјето.

ЈАРЕЦ

Ве очекува можност да остварите подобрување на работно поле, а наскоро и финансиите ќе ви бидат подобри. Не ве очекуваат премногу големи промени кога станува збор за љубовта. Ако сте во врска, задовлни сте. Се препорачува диета.

ВОДОЛИЈА

За вас овој ден е многу поволен. Ве очекуваат некои убави вести. Ќе бидете задоволни од околностите на работното место. Доаѓате до интересно познанство со личност која покажува дека е заинтересирана за вас. Занимавајте се со спорт!

РИБИ

До крајот на денот ќе имате проблеми и стресови на работа. Нема да ви биде лесно да ги свртите работите во своја корист. Ви се враќа личност од минатото, која сѐ уште не сте ја преболеле и ќе биде близу до вас. Можна е несоница.

Прегледи:
1097
Објавено на:
02.02.2022