Децата родени во февруари, најкраткиот месец во годината се специфични по многу нешта. Истражувањата покажале дека овие деца се физички понапредни, односно повисоки и потешки во однос на врсниците кои не се родени во февруари.
Исто така, зимските деца остваруваат подобри резултати на тестовите за интелигенција, имаат поизразена уметничка и креативна црта, но и големи се шансите да бидат славни.
Личностите родени во втората половина на февруари се многу задоволни на професионален план. Ако ги ставиме статистиките и истражувањата настрана, она по што се разликуваат децата родени во овој месец е особено фактот што доколку се родат на 29. февруари, не може секоја година да го слават роденденот, туку секоја четврта престапна година.