Скопје, 28.12.2022 – Зачетниците на “КросФитот” во Македонија вчера го прославија својот 10-ти роденден. Уште од првиот тренинг екипата на “КросФит” Скопје е посветена да им помогне на сите луѓе од сите возрасти, профили и физички капацитети, да го постигнат своето сакано ниво на физичка подготвеност како и трансформација на својот животен стил.
Како телото ни старее потребна е поголема контролирана, прецизна адаптирана физичка активност која ќе го регенерира телото и ќе го ослободи да функционира непречено. “КросФитот” нè учи да си го запознаеме своето тело и начинот на кој се движиме.
Човекот кој го донесе “КросФитот” кај нас, Зоран Иванов изјави: „Драго ми е што заедно го прославуваме овој јубилеј и се надевам дека заедно ќе ги прославуваме и останатите јубилеи. Низ овие 10 години може да се пофалиме со многу различни успешни приказни од нашите клиенти, како и преку нивните резултати да добиваме мотивација за напредок во подготовка на програма за сите останати во наредните години. Нашата мисија останува иста како и од првиот ден, а тоа е да им помогнеме на сите луѓе кои сакаат да имаат посреќен и здрав живот“.
Во салата каде што за прв пат започна со користење на Елитниот Фитнес- “КросФит” во Македонија, низ нивните врати поминале многу професионални спортисти и голем број на вежбачи кои сакаат “КросФитот” да стане дел од нивниот секојдневен живот.
Од “КросФит” Скопје препорачуваат дека со оваа активност ќе го промените и подобрите начинот на живот, ќе ве направи поздрави и посреќни. Ние имаме едно тело кое треба да го чуваме и одржуваме.