Влакната на лицето можат да бидат многу иритирачки,особено оние посилните и потемните. Еве неколку третмани да се справите со нив…
Депилација
Овој метод е брз и евтин и не така болен бидејќи во прашање се мали површини. Можете да закажете третман во салон или да купите некои од производите за домашна употреба.
Ласер
Ласерскиот третман е добра опција ако сакате трајни резултати. Иако не е најевтин метод и тоа како ќе ви се исплати.
Фотоепилација
Ова е најдобар избор за жени со потемна кожа и посветли влакна. Иако е скап метод ,многу е долготраен. Влакната засекогаш ќе исчезнат или ќе станат многу тенки. Можете дури да купите и машина и да го правете третманот дома.
Крем за депилација
Ако сакате брз и поевтин метод кој е погоден за домашна употреба а тогаш кремот е вистински избор за вас. За жал резултатите не се долгорочни па е потребно да се повторуваат третманите.
Пинцета
Доколку имате некое влакно кое ви смета,најдорбо е да го искорнете со пинцета.
Електролиза
Оваа техника е апсолутно трајна – влакната нема повторно да пораснат,но третманите траат многу долго и можат да бидат болни. Сепак ова е најефикасен метод за отстранување на влакната.