Категории

Адриана Лима и Марко Јариќ заедно за Валентајн

Фановите на српскиот кошаркар Марко Јариќ и бразилската манекенка Адријана Лима, се воодушевени од обновувањето на нивната љубов, иако тоа се уште не го потврдиле официјално.

Еден од најубавите празници, Денот на вљубените, поранешната брачна двојка го поминува заедно на брегот на Јужна Америка, на егзотичниот остров „Туркс енд Каикос“,

Лима во последно време на јавните случувања веќе не е во друштво на своето момче, ММА борачот Биг Џо, но затоа пак често може да се види во друштво на сестра на својот поранешен сопруг, Тамара.

Коментарот на манекенката  дека Тамара е дел од семејството, ги подгреа шпекулациите дека се смирила со Марко, како и комплиментот кој му го упатила.

Двојката се венчаше на 14 февруари 2009 година, а се разделија во 2014 година. Тие ги добија ќерките Валентина (6) и Сиена (4).

Прегледи:
763
Категории:
Шоу-бизнис
Објавено на:
15.02.2016