Категории

Кои се најопасните сексуално преносливи болести

Во групата на најчести сексуално преносливи болести спаѓаат гениталниот херпес, хепатитис Б, кламидија, трихомонас и др.

Како најопасни за здравјето, а понекогаш и смртоносни се сметаат сидата и хуман папилома вирусот ( ХПВ) кој доколку не се третира може да предизвика рак на грлото на матката.

Треба да се има во предвид дека при многу сексуално преносливи болести долго време по заболувањето не се приметуваат никакви симптоми, а кога ќе се појават, тогаш веќе болеста земала замав.

Затоа од исклучителна важност се редовните пап тестови и секако, користењето на заштита за време на сексуалниот чин.

Прегледи:
2407
Објавено на:
17.04.2016