Категории

Хороскопските знаци и книгите

Еден мудрец еднаш рекол дека книгите се најдобриот пријател на човек…

Книгите се совршено бегство во реалноста, пријател со кој патуваме во  минатото, другар кој не носи во иднината или ни открива нови, необични светови.

Добра книга е секогаш добро друштво, во зима во удобно ќебенце и шолја топол чај или под сенка со ладна лимонада, а добра книга е уште добар подарок, вечен спомен и слатка порака.

Но, од толку многу жарнови, понекогаш е навистина тешко да се одбере вистинска книга, а дали крими роман, љубовна сага или бајка нека ви откријат ѕвездите.

Овен: Овните сакаат да читаат, но не по препорака, бидејќи тие самите знаат што е добро. Во секој случај сакаат забавна романтика, понекогаш саркастична. Главните ликови треба да се успешни, борбени, силни, бидејќи само како такви може да бидат прифатени од страна на Овните. Не сакаат патетика, не сакаат романтични приказни.

Бик: Романтични приказни, голема љубов, но и практични совети за подобар и поквалитетен живот, е изборот на овој знак кога се во прашање книгите. Не сакаат да губат време на негативни страни, секогаш читаат нешто конструктивно, но и класика.

Близнаци: За добар почеток на денот Близнаците повеќе сакаат да одберат весници отколку книги. Иако сакаат да читаат, мораат прво да ги слушнат сите препораки за некое дело, па дури тогаш да се фрлат на читање. Близнаците, покрај Девиците и Стрелците најмногу сакаат да купуваат книги.

Рак: Раковите сакаат патриотски книги и бајки. Поезијата исто така им е драга, но и биографиите на славните личности. Ако му подарувате книга на Рак, бидете запознаени со тоа што сака да прави, дали има хоби и во согласност со тоа одберете.

Лав: Лавовите сакаат историски романи, како и книги чии теми се општеството и власта. Книгите за принцовите, владетелите и богатството се омилено четиво за Лавовите. Блиска им е и литературата во врска со деловниот успех и сè што им ја зајакнува самодовербата.

Девица: Девиците читаат само проверена литература. Ним не можете туку така да им подарите книга. Добро се информирани пред да ја купат. Бидејќи Девицата е добро информирана, сака да прочита препорака на интернет, на форуми и искрено ќе ви каже дали некоја книга и се допаѓа или не.

Вага: Љубовните романи, книги кои ја величаат убавината и животот се најдобриот предлог за претставниците на овој знак. Потрудете се да не ги натерате да читаат, бидејќи тогаш сигурно тоа нема да го направат, тие мораат за сè самите да се заинтересираат.

Скорпија: Темите кои се мрачни, тајни, табу теми, ќе преовладуваат на полиците од домашната библиотека на овој знак. Книгите за војна, секс и смрт се најлесни за разбирање за Скорпиите.

Стрелец: Стрелците сакаат филозофски книги и патописи. Може да читаат сè, но ако некоја книга им досади, веднаш поминуваат на друга. Припадник на овој знак тешко дека ќе чита бестселер. Сакаат патописи, класика, сериозна литература. Атласот е вистински подарок за Стрелците.

Јарец: Историските теми, класиката и практичната литература е она што го сакаат Јарците. Овој знак сака антиквитети, стари работи, па книгите од тие области ќе им бидат интересни. Бестселерите не ги интересираат, а книгите кои ги сакаат ќе ги прочитаат неколку пати.

Водолија: Водолиите сакаат необични книги, за научници и наука, како и научна фантастика. Сакаат книги кои бараат внимание, размислување, а не некое лесно четиво кое што опушта.

Риби: Романтичните приказни, романите чиј што заплет се случува во сон… тоа  е она што го сакаат Рибите. Фантазиите, бајките, научната фантастика и филозофијата ќе го задржат вниманието на Рибите.

Прегледи:
538
Објавено на:
27.05.2016