Повеќе од половина час се чека на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Од утрово на овој граничен премин има колони од автомобили на пат за Грција. Продолжениот викенд и временската прогноза за сончев и жешок викенд ги намами македонските граѓани викендов да го поминат кај јужниот сосед.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.
И на граничниот премин Дојран за влез во Грција се чека околу 30 минути. На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.