Категории

Овој 25 годишник има несекојдневна приказна, вежба секој ден за да остане жив

Ben Mudge е личен тренер од Белфаст, но тој не е обичен бодибилдер. Иако е посветен на здравиот живот и вежбањето, тоа не го прави само за да изгледа добро, тоа го прави за да остане жив. 

benmudge1

Бил дијагностициран со цистична фиброза кога бил бебе, што резултирано со зголемена слуз во белите дробови само 7 часа по неговото раѓање. Целиот живот му е контролиран од оваа неизлечива болест, а луѓето со оваа болест живеат до 30 – 4о години. Заради болеста постојано пиел апчиња, а бидејќи болеста е таква што тешко може да одржува нормална телесна тежина, односно тешко се здебелува, морал да биде на високо калорична исхрана.

BenMudge4 (1)

Наместо тоа, тој започнал да вежба пет пати неделно и станал личен тренер. Со неговата исхрана која се состои од риба, јајаца и зеленчук, овој 25 годишник е во најдобра форма до сега. Исто така е во одлична здравствена состојба, а 98% од неговите бели дробови работат нормално, што е изненадувачка бројка за некој со таа болест.

benmudge3

Неговиот одличен изглед го привлече и вниманието на модни агенции, а тој се надева дека ќе стане модел за Келцин Клајн. Иако неговата рутина му донела голем успех во справувањето со неговите здравствени проблеми, сепак тој секојдневно прима лекарства кои му помагаат, а исто така го зема и потребниот одмор.

 benmudge2 BenMudge3 (1)

 benmudge4 benmudge5 BenMudge6 (1) benmudge6 benmudge7