Категории

Жена се породи во авион, бебенцето доби неверојатен подарок од авиокомпанијата

На лет од Дубаи до Манила, пет часа пред слетувањето, се роди бебенце пет недели пред очекуваниот термин. Немајќи можност пилотот да го слета авионот, девојчето Хевен се роди за време на летот на авиокомпанијата Cebu Pacific Air.

Екипажот на летот, користејќи ги нивните основни медицински познавања и со помош на медицински сестри меѓу патниците во авионот, без проблем ја породиле оваа нова мајка, која доби совршено здрава ќеркичка.

Веднаш по породувањето, авионот слетал во Индија за да може новата мајка и бебенцето да ја добијат потребната нега во болница. Поради ова, времетраењето на летот се продолжи за дополнителни 18 часа, но ниту екипажот ниту патниците имале проблем со ова – сите биле среќни и благословени што биле дел од вакво чудо.

q2

Компанијата Cebu Pacific Air одлучи да и даде извонреден подарок на штотуку родената Хевен, ваучер од еден милион милји за летови со нивната компанија, во вредност од околу 100.000 долари.

Истите ќе може да ги користат родители на Хевен и самата таа, за да патуваат насекаде во светот бесплатно, кога и да сакаат, објави компанијата на својата официјална Facebook страница.

Прегледи:
377
Објавено на:
24.08.2016