Категории

Неизмерна радост: 13-годишно девојче со срцева болест дознава дека ќе добие ново срце

Реакцијата на болно девојче, кое од мајка си ја слуша веста дека ќе добие ново срце, ќе ве исполни со емоции.

Мејси има само 13 години, а веќе има водено многу тешки битки. Таа е родена со срцева болест, поради која веднаш по раѓањето морало да ѝ биде направена операција.

До 11 години, Мејси водела нормален и здрав живот, но тогаш животот уште еднаш си поиграл со нејзиното здравје и таа морала да помине низ две операции на отворено срце. За жал, ниту тие не ги решиле здравствените проблеми на Мејси, па трансплантацијата останала единствена опција за неа.

Неодамна Мејси ја доби прекрасната вест дека ќе добие ново срце, а видеото од нејзината реакција стана хит на интернет. Операцијата беше успешно извршена пред околу една недела, а Мејси во моментов се опоравува од неа.

w2

w3

 

Прегледи:
348
Објавено на:
05.09.2016