Збогум на правата коса и добредојде на волуменозната кадрава коса. Ревиите на Њујоршката и Лондонската модна недела дефинитивно се одвиваа во знакот на кадравите фризури што веќе ни го дава до знаење новиот пролетен тренд. Правата свилена коса беше тренд број еден изминатата сезона а овој пат дизајнерите најавија впечатлив пресврт на локните, лежерните бранови, дури и кадриците во „африкански” стил кои се инспирација од 80-тите години.